Анкета: Како ви се допаѓа новата Egejska.com ?
Нова функционалност и дизајн ...
Насловна | Интересно | Турските тапии доказ за Македонци во Грција !!!

Турските тапии доказ за Македонци во Грција !!!

Фонт големина: Decrease font Enlarge font
Турските тапии доказ за Македонци во Грција !!!

Во турските архиви има многу тапии и документи од кои јасно може да се види дека на територијата на Егејска Македонија во Грција живеело македонско население, вели Драган Ѓоргиев, виш научен соработник во Институтот за национална историја

 


 

Најголемиот дел од тапиите се чува во турската
 Генерална дирекција за тапии во Анкара

Во турските архиви има многу тапии и документи од кои јасно може да се види дека на територијата на Егејска Македонија во Грција живеело, односно, македонско население, вели Драган Ѓоргиев, виш научен соработник во Институтот за национална историја. Ѓорѓиев, чија специјалност е изучувањето на историјата на Отоманската Империја, укажува дека од тапиите за имоти и од дефтерите за евиденција на населението при пописите, јасно се гледа дека имињата на луѓето се македонски. Тој повеќепати престојувал во Турција, каде што истражувал во тамошните архиви.

Ѓоргиев објаснува дека најголемиот дел од тапиите се чува во турската Генерална дирекција за тапии во Анкара во која научните истражувачи може да влезат само со посебен договор помеѓу владите на двете земји. Македонија наскоро треба во Турција да испрати група истражувачи, кои во тамошните архиви треба да бараат докази за постоењето на припадниците на македонската етничка заедница во Егејска Македонија, а што Грција постојано го негира.  Во турските архиви, особено таму каде што се чуваат тапиите за имотите, има многу добро зачувани документи од кои може да се види каква била етничката структура на населението во периодот кога таму владеела Отоманската Империја. Потребно е да се каже дека Отоманската Империја не водеше евиденција на населението според етничката припадност. Односно, тие ги заведувале само како муслимани и како христијани. Но, од имињата што биле впишувани во тапиите и во дефтерите, јасно се гледа дека тоа се словенски, односно, македонски имиња - објаснува Ѓоргиев.

Тој посочува пример според кој во една тапија било напишано дека нива е сопственост на исто, син на Коста Турците не ги запишувале презимињата на луѓето како што ги имаме денес. Замената за презимето во овој случај била назнаката дека Ристо бил син на Коста, а тоа всушност значи дека тој би се презивал Костов. Во секој случај, тоа е доволен доказ дека тоа население не е грчко и дека таму постои население различно од грчкото. Од увидот во тапиите ќе се види дека во леринскиот крај околу 80 проценти од сопствениците на имотите имаат македонски имиња, а слична е ситуацијата и во другите краишта во Егејска Македонија - објаснува Драган Ѓоргиев.Во Државниот архив на Македонија се зачувани триесетина таписки книги, кои се однесуваат на имотите на луѓето во Лерин. Доволно е да се истражува периодот од 1875 година наваму бидејќи тогаш Турција ги создаваше таписките книги, кои се мошне добро направени. Во тие книги се евидентирани сите сопственици на имотите, колкав имот имаат, со чии имоти се граничат, имињата на локациите. Пишувани се со арапско писмо, кое било официјално во тој период во Отоманската Империја - истакнува Ѓорѓиев.Според него, во турските пописни книги за населението од 15 и 16 век јасно се гледа дека грчкото население се појавува само на јужните територии на денешната Грција, додека во северните краишта доминира словенското население, а Грци има многу помалку. Пописните дефтери се чуваат во Истанбул.

И Грци бараат турски тапии

Турските тапии и ден-денес се користат како докази врз основа на кои грчките државјани од државата побаруваат имоти. Дознаваме дека еден Грк во минатата година се обратил кај скопски судски преведувач за да му ја преведе турската тапија за имотот што го имале неговите предци. Таткото на овој Грк бил комунист, кој ја напуштил Грција во текот на Граѓанската војна по што државата му го одзела имотот.Повеќе вакви турски тапии досега се доставени и до адвокатот во Скопје што ќе ги застапува пред судовите во Грција за да им бидат вратени имотите.

Коментари (1 постирано):

zoran dimoski on 21 November, 2008 08:05:34
avatar
pa se e to dobro zosto ne se upotrebuvaat kako dokazi za odbrana

Остави твој коментар comment

  • email Прати по е-пошта
  • print Принт верзија
  • Plain text Рамен Текст
Оцени ја оваа вест
4.27
Powered by Web Orange