Анкета: Како ви Ñе допаѓа новата Egejska.com ?
Ðова функционалноÑÑ‚ и дизајн ...
Македонските имиња и денес омразени кај соседите !
По Грција, каде што од 1918 до 1970 година беа сменети македонските имиња на околу 1.700 населени места,сега и Албанија најавува дека ќе го следи тој пат - ќе ги албанизира македонските топоними

Македонските топоними на Балканот се на пат целосно да исчезнат. По грцизирањето на македонските имиња во Северна Грција (Егејска Македонија), сега Македонците во Албанија се соочени со албанизирање на населените места што носат македонски предзнак. Историчарите велат дека е тоа ŐࠐߐܐّÐِېРна бројкитеӬ односно дека мнозинството ја пишува реалноста. Експертите по меѓународно право велат дека ова се само негативните примери за непочитување на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Прашањето за промена на имињата и на насилна колонизација, кое беше типично за Ő֑ÐސّȐېРМакедонијаӠво почетокот на 20 век со крајот на Балканските војни, стана повторно актуелно деновиве откако во јавноста беше обелодената изјава на албанскиот претседател Бамир Топи, кој побарал веднаш да се сменат македонските имиња на некои населени места во околината на Корча. При неодамнешната посета на корчанската општина Топи побарал да се најдат албански имиња за Подгорје, Звезда, Добрачан, Моглица, Петруша и други. Сега специјална комисија и владини органи ќе работат на таа проблематика.
СЛОВОТО НА КОНВЕНЦИИТЕ
- Рамковната конвенција е кристално јасна, но и другите акти, како што е Европската повелба за регионални и малцински и јазици и Декларацијата на ОН за јазиците, кои ги поттикнуваат таквите права да бидат искористени на локално ниво - вели Сашко Тодоровски експерт од Министерството за надворешни работи.Ако Грција би ја почитувала Рамковната конвенција, која, за жал, и ја нема потпишано, тоа би значело дека многу населени места во северна Грција би станале двојазични. На пример, Флорина/Лерин или Касторја/Костур.Тоа што е нормално и децениска пракса во многу демократии, во Грција не е. На пример, примената на Рамковната конвенција можеме да ја видиме и во една Унгарија, а да не зборуваме за Холандија или за Белгија, каде што се инсистира на двојазичност - додава Тодоровски.Според таа конвенција, не се само двојазични имињата на населените места, туку двојазичноста се практикува и во јавниот живот, како што се, на пример, натписи на фирми, имиња на улици, билборди.Тој принцип никогаш не е применет во Грција, а не се практикува ниту во патните документи на Македонците по потекло од таа земја, кои мораа да ги променат имињата на своите места на раѓање и да ги впишат грчките - вели Тодоровски.Тој истакнува дека идејата на Рамковната конвенција е да поттикнува двојазичност, а не како што е случајот во Македонија, каде што има многу примери на еднојазичност во местата населени со претежно албанско население. ŐՑđPؠи натписите на фирмите на Бит пазар се само на еден јазик, најчесто на албанскиӬ истакнува тој.
ГРЦИЗИРАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Историчарот Стојан Киселеновски, по потекло од Костурско, вчера рече дека грчката држава во Егејска Македонија сменила 1.700 македонски топоними.Никој не реагираше на таквата политика на Грција, ниту Русија се спротивстави на тоа. Дури Велика Британија и Франција ја поддржаа Грција и финансиски за што побрзо да заврши со својата етничка политика - вели Киселиновски.Грцизирањето на егејскиот дел на Македонија почна по Балканските војни, кога Грција ја анектира таа територија и кога почна да им ги менува личните имиња на Македонците. Типични презимиња за нив завршуваа на ОС или на ИС. Но, таа политика особено зеде замав од 1926 година, кога со Декретот бр. 332 почнува систематски да се менуваат имињата на сите градови, населби и села. Според податоците објавени во весник на Грција во периодот од 1918 до 1970 година се сменети имињата на 1.660 населени места, но тоа е според нивната официјална статистика, иако таа цифра е поголема. Така Лерин стана Флорина, Костур - Касторја, Солун -Тесалоники, Воден - Едеса, Вардар - Аксиос, Овчарани - Мелити, Кукуш - Килкис...Во периодот од 1912 година до 1918 од Егејска Македонија се иселени околу 80.000 Македонци, а се доселени околу 620.000 Грци од Турција, Мала Азија. Веќе во 1927 година македонскиот јазик се забранува да се говори на јавни места и дома, а се избришани сите натписи на македонски јазик од црквите и од фреските.
ДВОЈАЗИЧНОСТ СО КУС ВЕК
Стојко Стојков од ОМО-Илинден Пирин партија на Македонците во Бугарија, вели дека во таа земја немало промена на македонските топоними непознати причини но оти се сменети сите имиња на турски јазик. Горна Џумаја стана Благоевград, Свети Врач се преименува во Сандански, Неврокоп во Гоце Делчев. Потоа се сменија сите топономи на турски јазик - вели Стојков.Што се однесува до Албанија, таа делумно ја спроведува Рамковната конвенција, барем што се донесува за Мала Преспа. Но, лани кога Македонците истакнаа двојазични патокази во Пустец, тие веднаш беа отстранети, затоа што не добија дозвола од централната власт. Сега, намерата на претседателот Топи да ги смени македонските имиња во Корчанско навестува многу поригорозна политика на бришење на тоа што се вика македонска традиција. Но, не се само во прашање имињата, во Преспанско има голема миграција поради лошите услови за живеење - нема патишта и друга инфраструктура, има и по 16-часовни рестрикции на струја, нема вработувања... Македонците се иселуваат, а во неколку села живеат само по неколкумина старци, кои го чуваат името на своите родни места. Тие се последните.
Превземено од дневниот весник Дневник.
Оцени ја оваа вест



del.icio.us
Digg
Коментари (4 постирано):
ве молам напишете ÐЕшто за Ñтранава....не напаѓаат ÐÐС од македонија и Ð’ÐС од ЕГЕЈСКРМÐКЕДОÐИЈÐ............
поздрав
Македонија на Македонците
Остави твој коментар