Анкета: Како ви се допаѓа новата Egejska.com ?
Нова функционалност и дизајн ...
Насловна | Новости | Тито ги изманипулирал Македонците !

Тито ги изманипулирал Македонците !

Фонт големина: Decrease font Enlarge font

   Тие влегоа во војна со идејата за обединување на Македонија поттикната од југословенското раководство, кое сакаше да ги задоволи своите интереси кон Истра и Трст, смета Тодор Чепреганов, директор на ИНИ

 

 

Македонците од Егејска Македонија беа втурнати во Граѓанската војна во Грција со манипулација на тогашното југословенско раководство дека се борат за обединување на Македонија, истакна историчарот Тодор Чепреганов на завчерашниот научен симпозиум посветен на 60-годишнината од егзодусот на Македонците од Грција. Чепреганов, кој е директор на Институтот за национална историја, тврди дека идејата за обединување на Македонија била поттикната од југословенското раководство зашто сакало да ги задоволи своите интереси кон Истра и Трст.

- Говорите на тогашниот југословенски лидер Јосип Броз Тито и на Светозар Вукмановиќ-Темпо во Скопје и во Битола од 1945 и 1944 година, во кои ги повикуваа Македонците за нивно обединување се сведоа само на манипулација. Македонците во Грција влегоа во војна во која добија само војна и не секогаш навреме испорачана помош. Тито, Југославија и големите сили одиграа решавачка улога во овој внатрешен грчки конфликт. Многумина од Македонците од Грција се' уште не можат да ја прифатат реалноста дека залудно учествуваа во војна што не беше нивна, туку голема игра - истакнува Тодор Чепреганов.Според него, Македонците во Грција претставуваа само тактичко средство и дел од технологијата што водачот на СССР Сталин ја примени за да ја стабилизира стекнатата позиција на советска Русија.

- Идејата за обединување на Македонија тогаш не беше случајно избрана ,туку требаше да послужи за амбициите на Тито за комплетна доминација на Балканот. Таа беше доволен мотив Македонците од Егејот да го прифатат понудениот предизвик наречен Граѓанска војна во Грција и со тоа, фактички, да се стават во директна функција на глобалните интереси на Сталин и на регионалните на Тито - објаснува Тодор Чепреганов.Поразот што во војната го доживеале Македонците и силите на Демократска армија на Грција, според Чепреганов, се должи на успехот на САД и на Велика Британија да го спречат влијанието на СССР и на Тито.

- Соочен со опасностите од економски и од воен аспект во периодот на Резолуција на Информбирото Тито се откажал од идејата за создавање на обединета Македонија. Тој ја напуштил борбата на грчките комунисти и на Македонците. Тито им кажа на британските и на американските претставници дека őÐѐݑàвеќе нема пријателиӮ Од војната губитници излегоа и Македонците и Грците. Македонците ја загубија супстанцијата, а Грците националното единство смета Тодор Чепреганов.Историчарот Стојан Киселиновски посочува дека македонско население во три периоди систематски било иселувано од Грција. По Првата светска воја во Бугарија биле протерани 86.000 Македонци, по Грчко-турската војна - 40.000 Македонци, и со Граѓанската војна. Истовремено се вршеше колонизација на Егејска Македонија со населување Грци. Македонското население таму стана малцинство, а македонскиот јазик се зборуваше само во семејствата. Почна да се користи поим őܐѐӐߐݐѐې֐Րߐޑǐؓ, за некакви Славјани што живеат во Македонија - нагласи Киселиновски.

 Превземено од дневниот весник Дневник.

Коментари (4 постирано):

Mitre POposki on 27 November, 2008 06:49:13
avatar
Тито беше гробар на Македонија, без оглед што многу слепци во Македонија и денес мислат дека работел за доброто на нашата татковина. Изгледа малку се подразбудивме од долгиот, предолгиот сон, па почнавме дури и ние нешто да подразбираме.
naum on 07 February, 2009 10:27:11
avatar
naj golemiot grobar na Makedonija e TITO i negovata politika zaradi nego iljadnici borci gi ostavi na milost i nemilost na grckata vojska otkako pred nos im ja zatvori granicata
koki on 07 May, 2009 10:14:09
avatar
zA SE E VINOVEN tITO SAM NE GRCKATA KUMUNISTICKA PARTIJA I SLAVNITE "MARKOS" I "ZAHARJADI"HA,HA,HA,)))))))
koki on 07 May, 2009 10:21:54
avatar
zA SE E VINOVEN tITO SAM NE GRCKATA KUMUNISTICKA PARTIJA I SLAVNITE "MARKOS" I "ZAHARJADI"HA,HA,HA,)))))))

Остави твој коментар comment

  • email Прати по е-пошта
  • print Принт верзија
  • Plain text Рамен Текст
Оцени ја оваа вест
3.71
Powered by Web Orange