Преговори за името до крајот на јануари !?

Ни Скопје ни Атина не очекуваат суштински промени во преговорите, а според вицепремиерот Боцевски, може да биде и полошо поради новите имиња во грчката влада Посредникот во грчко-македонскиот спор за името, Метју Нимиц, најавил дека до крајот на месецов ќе свика средба со преговарачите на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис. Дипломатски извори велат дека точниот датум за продолжување на процесот се' уште не е утврден, бидејќи се чека одговор од грчка страна. Грчкиот преговарач, по реконструкцијата на владата чекал на инструкции од официјална Атина, па потоа да му одговори на Нимиц.
Засега не се знае ни форматот на преговорите, дали Нимиц ќе има само одвоени или и заедничка средба со двајцата преговарачи, ниту пак, дали Јолевски на разговорите ќе биде сам или придружуван од некого од македонското МНР или од кабинетот на премиерот Никола Груевски.
Грчкиот весник ŐېёÐِݐ֑Pِސؓ вчера исто така објави дека Нимиц ќе свика средба со преговарачите до крајот на јануари, но и дека поради локалните избори закажани во март во Македонија, не се очекува суштествен напредок во преговорите. Преговорите, според весникот, се забавени и поради тужбата што Македонија ја поднесе против Грција пред Меѓународниот суд во Хаг.
ПЕСИМИЗАМ
Македонија не очекува промени во процесот и во активностите на Грција, и по реконструирањето на владата во која за министер за култура е именуван Андонис Самарас, познат како тврд националист во однос на македонското прашање.
- Во грчката влада е истиот премиер и истиот министер за надворешни работи кои ни ставија вето во Букурешт. А новиот министер за култура ни овозможува да мислиме дека може да биде само полошо - вели вицепремиерот за евроинтеграција Ивица Боцевски. Според него, не постои ништо полошо од она што го направи Грција во Букурешт и ŐӐޠовој контекст во кој живеат Грција и Македонија, тоа што го направија во Букурешт е нешто невиденоӮ
- За реконструираната грчка влада, логично е да биде во интерес да имаме стабилна и просперитетна Македонија. Но, очигледно, нивните приоритети одат во други насоки - изјави Боцевски.
ПРАВА СПОРЕД ОН
Во врска со заклучоците на ЕУ за добрососедски односи како услов за интеграција, како и воздржување од провокации, тој рече дека Македонија не е страната што провоцира и не е страната што, поаѓајќи од свои лични и темелни интереси, негира, елиминира или оневозможува идентитет на некоја друга страна. Преименувањето на аеродромот, автопатот, плоштади, Боцевски го објаснува со Универзалната декларација за човекови слободи и права.
- Со Универзалната декларација за човекови слободи и права, идентитетот и на секоја група и на секоја индивидуа е загарантиран. Никој нема право да го спори идентитетот на која било група или население. Што е провокација? Дали е провокација кога се појавува извештај во кој МПЦ се нарекува Православна црква на поранешна југословенска република Македонија или кога македонскиот јазик е јазик на поранешна југословенска република Македонија. Тоа не е провокација, туку газење на фундаменталните човекови права и слободи. Тоа е контекстот во кој живее Македонија, а овој контекст е неодржлив, неодговорен и мора час поскоро да престане - изјави вицепремиерот Боцевски.
Според него, Македонија ги почитува добрососедските односи и не предизвикала ниту еден безбедносен, сигурносен или каков било друг инцидент или криза во односите со кој било сосед и во тој контекст Македонија ќе продолжи и во текот на оваа година.



del.icio.us
Digg
Коментари (0 постирано):
Остави твој коментар