Леринско-костурско Знаме се азвиори по шест и пол децении !
Знамето на баталјонот формиран во 1944 година во Грција, грижливо го чувале во семејството Шалваринови !
![]()

На тенката свила се' уште се забележуваат траги од крв, дамки потемни од црвената заднина, порабена со лента, во чиј центар се наоѓа жолта петокрака украсена со специфични орнаменти. По 65 години, завчера се развеа знамето што ги симболизира историските моменти на македонскиот народ, на борците од Леринско-костурскиот баталјон формиран во 1944 година во Грција. Досега знамето под кое во војната застанаа многу Македонци, грижливо, како најголема реликвија, го чувало семејството Шалваринови. Сиве овие години, главата на семејството, Никола Шалваринов, го чувал овој драгоцен спомен на крвавите борби што Македонците од тие краишта ги водеа за национална и државна слобода. Тој, и покај барањата од музеи, историчари, соборци, никогаш не се согласил да го изложи знамето некаде. Сега, неколку години по неговата смрт неговото семејство, сопругата и синот, решија знамето да му го отстапат прво на Здружението на Македонците од Егејска Македонија, а потоа и на државата за да се заштити во Музејот на Македонија.
- Сметаме дека на тој начин најдобро ќе го исполниме и аманетот од татко ми - да се зачува знамето. Тој ми кажа дека го зел откако во едната битка загинал знаменосецот. Беше под загинатиот борец, на кој не му го знаеме името и кој искрвавел врз него. Татко ми ја продолжи битката, оти се знае каква е симболиката на знамето во војната. Го чувал до крајот на војната и по неа. Никогаш не дозволи некој друг да се грижи за него. Сиве децении беше кај нас дома - раскажува синот Владо Шалваринов.
Татко му бил комесар на овој баталјон формиран на 2 август 1944 година и вклучен во 28. бригада на ЕЛАС. Единицата била ангажиран во завршните операции за ослободување од германските окупатори. Историчарот Александар Литовски посочува дека баталјонот бил формиран во присуство на Ренос Михалеас, раководител на Комунистичка партија на Грција, и Петре Богданов-Кочко, раководител во Комунистичка партија на Македонија.
- Популарно бил нарекуван „баталјон Гоце“, според Гоце Делчев. Бил формиран на 2 август за да се истакне македонскиот национален белег на борците и на населението во тој реон. Командант бил Козмас Спанос-Аминтас, а комесар Илија Димовски-Гоце. При формирањето броел 400 борци, а во почетокот на октомври дури 1.500 - истакнува Литовски.
Тој објаснува дека поради недоразбирања со раководството на Грчкото национално-ослободително движење и ЕЛАС, во почетокот на октомври 1944 година баталјонот преминува во Вардарска Македонија и се става под команда на тогашниот Главен штаб на партизанските одреди на Македонија. На 18 ноември 1944 година влегува во состав на новоформираната Прва егејска бригада во Битола.Марија Јовановска од Музејот на Македонија ни рече дека долго се обидувала јавноста да го види ова знаме.
- Знаев дека постои и дека е значаен дел од нашата историја. Разговараме со Шалваринов да ни овозможи макар и на кратко да го изложиме знамето и да се грижиме за него. Меѓутоа, не се согласуваше. Не ми дозволи ни копија да направиме. Има и други знамиња од воени единици што се во музеи надвор од нашата земја - вели Јовановска.Таа претпоставува дека црвената свила за знамето најверојатно била донесена од Албанија, а дека го везеле жени од костурското село Дмбени. Се надевам дека знамето ќе го видат сите во октомври годинава за кога планираме изложба посветена на овие настани - посочува Јовановска.
МВР му одзело на Владо Шалваринов пушкомитралез и пиштол „валтер“, кои татко му ги запленил од италијански генерал во една битка. Пред повеќе месеци полицијата дојде дома и ми го одзеде оружјето, кое планирав да го подарам на Музејот на Македонија. Тоа е трофеј, а полицијата го чува во станица и не ми го враќа. Сакам само и оружјето да се зачува како знамето - вели тој.



del.icio.us
Digg
Коментари (4 постирано):
Остави твој коментар