Анкета: Како ви се допаѓа новата Egejska.com ?
Нова функционалност и дизајн ...
Насловна | Новости | Фашисти Грци и нивниот Кукавички напад !

Фашисти Грци и нивниот Кукавички напад !

Фонт големина: Decrease font Enlarge font
 
 
САМО ЕДНО ДА СЕ ЗНАЕ ОТСЕКОГАШ СЕ ПЛАШЕЛЕ ОД НАС И ОТСЕКОГАШ НИЕ СМЕ БИЛЕ ПО СУПЕРИОРНИТЕ !
 

Извици „предавници“,„ова е Грција“,„сите надвор“, „Васкопулос, оди си“, закани и растурање на пропагандниот материјал од грчки ултранационалисти од организацијата „Златна зора“ прексиноќа ја попречија промоцијата на Грчко-македонскиот речник во Атина. Десетина минути по почетокот на претставувањето во Меѓународниот прес-центар, лоциран веднаш до Министерството за надворешни работи на Грција, во салата упаднаа десетици припадници на оваа фашистичка организација, заканувајќи им се на присутните.

Во инцидентот бил повреден еден новинар на грчкиот весник „Протофема“, кој бил нападнат од хулиганите, а поголем инцидент бил спречен откако пристигнала полицијата. Впечаток е дека, сепак, таа задоцнето реагирала. Најкритичен бил моментот кога еден од напаѓачите замавнал со црната кацига кон главата на познатиот македонист, американскиот лингвист Виктор Фридман. Ударот бил запрен во последен момент, откако водачот на групата што постојано ги попречува собирите што ги организира „Виножито“ го фатил напаѓачот за раката во која ја држел кацигата. „Виножито“ е партија на непризнатото македонско малцинство во Грција.

Промоцијата на првиот Грчко-македонски речник, чиј автор е Васко Караџа, сепак се одржала, бидејќи присутните не заминале во текот на инцидентот.  Ова е сигнал дека грчките власти почнуваат да се плашат од македонштината во Грција. Инцидентот е голем срам за Грција кој не може да го скрие од европската јавност. Промоцијата на Речникот за нас е уште еден мотив да продолжиме со нашата борба за одбрана на македонштината, за признавање на македонското малцинство и за демократизација на грчкото општество - изјави Павле Васкопулос, лидер на „Виножито“.

- Ако Грција е лулката на демократијата, тогаш лулката е скршена - изјави промоторот на речникот, Виктор Фридман.Мета на заканите на хулиганите беше и професорката Рики ван Бусхотен, Холанѓанката што предава етнологија на Универзитетот во Волос и е голем поддржувач на признавањето на човековите права на Македонците во Грција. Нејзе еден од напаѓачите и' се закануваше мавтајќи со тупаницата, но сепак заканата не прерасна во физички напад.

Промоцијата на речникот ја следеле и други грчки новинари од неколку телевизии и печатени медиуми. Напаѓачите се повлекле откако добиле информации дека кон прес-центарот се приближува полиција. Членовите на „Хриси авги“ се неодамна регистрирани како политичка партија, а досега беа во тесни врски со парламентарната националистичка партија ЛАОС на Јоргос Караџаферис. Инцидентот се случи неколку дена пред изборите за Европскиот парламент, што в недела ќе се одржат во Грција. Павле Васкопулос изјави дека нивната партија се соочува со огромен притисок.

- За „Виножито“ нема никакви демократски услови за фер учество на изборите. Партијата е целосно исклучена и бојкотирана и од страна грчките медиуми. Една телевизија емитуваше наш пропаганден спот во 6 часот изутрина. Тоа доволно зборува за односот кон нас, односно дека нашите активности може да ги гледаат само грчките петли - изјави Васкопулос.

Речникот во тираж од 2.000 примероци

Првиот Грчко-македонски речник, кој содржи 15.000 зборови, отпечатен во печатницата „Зора“, е во тираж од 2.000 примероци, во издание на „Виножито“. Тој е резултат на работата на починатиот интелектуалец Васко Караџа, кој потекнува од селото Д’мбени, Костурско. Речникот е оставен со аманет да се промовира во Грција кога за тоа ќе се создадат услови. Делото, освен за припадниците на македонското малцинство, е наменет и за секој современ грчки граѓанин.

Коментари (1 постирано):

Sanja Ribarska on 18 June, 2009 02:53:04
avatar
Dobro ima li pravda za Makedoncite, nee fer ova.Alal da im e kolku se hrabri i voinstveni posle se.
Pozz za site brakja Egejci.
Pozz do nasiot,mozam slobodno da kazam revolucioner Pavle Vaskopulos,mnogu go sakam i pocituvam toj covek se nadevam deka kje imam nekogas sansa da go zapoznaam i da ja iskazam voshitta koga ja uvstvuvam sprema nego i voopsko sprema cela partija na Makedonicite vo Egejot.

Остави твој коментар comment

  • email Прати по е-пошта
  • print Принт верзија
  • Plain text Рамен Текст
Tags
No tags for this article
Оцени ја оваа вест
5.00
Powered by Web Orange